Фејсбук ги менува алгоритмите за да се бори со лажните вести

Од:

Најголемата социјална мрежа на светот, Фејсбук, започнува со менување на своите алгоритми, за тие да можат да препознаваат сомнителни содржини и да ги рангираат пониско од останатите објави.

По претседателските избори во САД, низ светот започнаа дебати околу тоа колкаво влијание врз јавното мислење имаат лажните вести кои најчесто се споделуваат на Фејсбук.

Германската влада се плаши дека со лажни вести ќе може да се влијае на парламентарните избори во Германија, па вршат притисок врз Марк Цукенберг да го реши тој проблем.

Во изминатите неколку месеци Фејсбук ја ограничи можноста за спонзорирано ширење на сомнителни објави и воведоа можност за пријавување на лажни вести, со што тие содржини потоа ги проверуваат аналитичари.

Сега на ред дојде и алгоритмот за почетната страна на Фејсбук, кој автоматски повеќе ќе ги промовира легитимните и виралните содржини.

Не само што ќе се труди да ги намали лажните вести, туку и ќе ја намали видливоста и на статии со сензационалистички наслови (clickbait) и статии кои ги присилуваат луѓето да лајкнат, споделат или да се претплатат на сајот.

Со промените Фејсбук ќе се обиде и да се создаваат повеќе вирални содржини. Објавите на страници или поединци кои ќе привлечат многу внимание на Фејсбук ќе добиваат подобра позиција на почетната страница.

Би можело да ве интересира

Отказ добија пет отсто од вработените во Facebook, Instagram и WhatsApp

Горан Наумовски

МЕТА најави огромна промена на Фејсбук и Инстаграм: Ги укинуваме проверувачите на факти

Горан Наумовски

Неколку апликации на Мета не работат правилно на неколку локации во светот

Шокантно признание на Марк Цукерберг: Администрацијата на Бајден ми вршеше притисок да цензурирам содржини

Предраг Петровиќ

По 20 години постоење, Фејсбук има повеќе од три милијарди корисници

Си рекламирале чаеви лажно користејќи имиња на лекари – Кривична за фирма и директорот

Анита Петровска Рајковиќ