Фејсбук е мета на хакери

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Фејсбук извести дека била мета на серија напади од неидентификувана хакерска група, но досега не се пронајдени докази дека податоците од корисниците на мрежата се злоупотребени.

„Минатиот месец заштитата на Фејсбук откри дека нашиот систем е мета на софистициран напад. Нападот се случил кога малкумина вработени посетиле врб страница на развивач на програми за мобилни телефони, која била заразена со вирус“, вели компанијата во својот блог.

Тие известија дека хакерите искористиле недостаток од програмот Јава.

„Веднаш кога го откривме присуството на вирусот ги поправивме сите заразени машини, ги информиравме органите за спроведување на законот и започна истрагата која се спроведува до денес“, информира Фејсбук.

Објавата од Фејсбук следува откако неодамна имаше и на други познати вебстраници. Минатиот месец Твитер објави дека е хакиран и дека околу 250,000 профили на оваа социјална мрежа биле заразени со вирус, кој им овозможил на напаѓачите да дојдат до информации за корисниците. Твитер ги повика да си ги променат лозинките.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он