Игрите и активностите во сексот се прашање на избор, но постојат работи што секоја жена мора да ги знае пред да наполни 30 години.
1. Нема ништо посекси од барањето партнерот да го направи тоа што вие го сакате во кревет. Тоа значи дека и самата знаете и не се плашите да го направите она што го сакате.
2. Мастурбацијата е најдобар начин да се открие што ви се допаѓа во сексот.
3. Не секогаш е возможно и вие и партнерот да доживеете оргазам истовремено. Оваа желба создава огромен притисок и обично резултира во лош секс.
4. Во раните фази на врската се што е кажано за време на сексот не треба да се сфати сериозно, посебно не за темите поврзани со бракот и децата.
5. Депилацијата не е неопходен предуслов за секс. Прашајте било кој припадник на посилниот пол и ќе ви го каже истото. Кога мажите ќе ги понесе страста, последно нешто што им паѓа на памет се вашите влакна.
6. Големиот број партнери не е добар начин за да се прифати или потврди нешто во животот.
7. За женскиот оргазам најчесто се потребни вашите раце или рацете на партнерот или неговиот јазик. Тие се во секој случај, најбрзиот начин за жената да доживее оргазам.
8. Машкиот полов орган е убав и нормален, нема ништо на него од што би можело да ви се згади. Овде се вклучуваат и тестисите.
9. Во ред е понекогаш да се каже „да“ за работите што сте мислеле дека никогаш нема да ги направите, се разбира доколку сакате.
10. Имате право да кажете „не“ без никакво оправдување. Апсурдно е да се оди против себе, само за да се задоволи партнерот.
11. Лубрикантот секогаш спасува ситуација. Иако можеби постои желба, сепак понекогаш телото е уморно и не реагира.
12. „Валканите“ зборови за време на сексот се одличен афродизијак, а и нема ништо лошо во нив.
13. Смислата за хумор секогаш треба да ја понесете со вас во кревет.
14. Вагината бара редовни вежби. Редовно практикувајте ги Кегеловите.
15. На мажите треба да им се дадат јасни инструкции. Ова значи дека тие не можат секогаш да ги разберат сите ваши звуци. Понекогаш и мора да вербално да се изразите.
16. За вистинска интимна поврзаност не е потребно секогаш месечина, свеќи или романтична вечера.
17. Тој не очекува од вас да се однесувате во кревет како порно ѕвезда.
18. За да го задоволите вашиот партнер орално, не треба да учите од книги. Следете ги вашите сопствени инстинкти, а можете и него да го прашате.
19. Да се направи првиот чекор, може да биде страшно, но сепак и вредно. Доволен е само контакт со очите и насмевка.
20. За сексот не треба да биде резервирана само спалната соба. Бидете креативни и практикувајте и помалку предвидливи места.
21. Морате да се заштите од несакана бременост и болести. Користете презервативи.
22. „Сушните“ сексуални периоди се нормална појава која им се случува на сите.
23. Сексот под туш е преценет.
24. Смирувањето во животот не значи и смирување во кревет.
25. Вашиот помалку необичен сексуален нагон не значи дека сте „извртени“ или „ненормални“. Ако вашата пријателка не може ни да изговори „анален“ секс, сепак не е во прашање таа. Вие сте тие што треба да уживете во него, ако ви се допаѓа.