Facebook ќе ја контролира секоја објава

Од:

Сите разговори и објави на корисници на Facebook ќе се проверуваат поради можни криминални активности.

Џо Саливан, директорот за безбедност на Facebook вели дека социјалната мрежа ги следи разговорите во потрага по зборови и фрази што укажуваат на можни криминални активности.

„Повнимателно се следат разговорите помеѓу корисниците што разговараат првпат меѓусебе или што немаат заеднички пријатели. Софтверот на Фејсбук исто така бара и зборови што често се наоѓаат во разговорите евидентирани меѓу осудени криминалци, вклучувајќи ги и сексуалните престапници, кои ги користат социјалните мрежи за да ги најдат своите жртви“, вели Саливан за Ројтерс.

Доколку постои сомнеж за криминална активност, Facebook ги известува надлежните органи.

Агенциите за безбедност порано имаат `фатено` членови на банди што поставувале кратки видеа за активностите на својата банда.

Би можело да ве интересира

Фејсбук и Инстаграм се вратија, корисниците можат повторно да се логираат

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

ФТ: Европски официјални лица побараа од Фејсбук и Твитер да затворат профили на повеќе од 100 руски амбасади и државни институции

Ана Ололовска

Твитер недостапен во Русија, проблеми и со Фејсбук и Инстаграм

Ана Ололовска

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Ана Ололовска

Русија делумно го ограничи пристапот до Фејсбук

А1он