Ф’стаците и бадемите може да ја намалат анксиозноста

Од:

Анксиозните нарушувања се доста чести во светот денес. Статистиката вели дека околу 18 отсто од населението секоја година страда од анкзиозност.

Но, иако тоа може да се лекува, помалку од 37 насто од луѓето не добиваат соодветен третман. Некои луѓе се противат на земање лекови – постојат многу причини зошто некој не би се чувствувал пријатно да зема антидепресив… Сепак, едно неодамнешно истражување покажа доста ветувачки резултати. Се работи за труд објавен во списанието „Сел рипортс медисин“ на Институтот за наука „Вајзман“ во Њујорк.

Написот вели дека супстанцијата бета-ситостерол, којашто се наоѓа во некои растителни јадења, како што се авокадо, ф’стаци, бадеми (и други јаткасти плодови), масло од репка, па дури и во некои житни култури делува смирувачки. Во серија експерименти, истражувачите откриле дека бета-ситостеролот може да произведе смирувачки ефект кај глувци и сам по себе, но и во комбинација со антидепресивот „Прозак“.

Занимливо е што заморчињата на коишто им била дадена само билната супстанција не доживеале никакви несакани ефекти што обично се поврзани со лекови против анксиозност, како што се зголемување на телесната тежина и замор.

Сепак, ова не значи дека јадењето храна што е природно богата со бета-ситостерол автоматски ќе резултира во намалена анксиозност. Наодите од ова истражувања не посочуваат дека хербалната супстанција ќе им овозможи на луѓето со анксиозни нарушувања целосно да се откажат од лековите.

„Еден од главните проблеми со постојните лекови против анксиозност е што произведуваат несакани ефекти, па ако бета-ситостеролот може да помогне во намалувањето на дозата на овие лекови, тоа може потенцијално да ги намали и несаканите ефекти“, објаснува д-р Николас Панајотис, еден од авторите на испитувањата.

Тоа не значи и дека може да добиете доволно бета-ситостерол само од храната. Панајотис додава дека треба, на пр. да се јаде авокадо дење и ноќе за да се добие вистинската доза – а поверојатно е да добиете проблеми со варењето отколку да ја ублажите анксиозноста.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска