Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Од:

По многубројните скандали, протести, повлекувања и исклучувања, овогодинешниот победник на Евровизија е Швајцарија.

Во текот на вечерта имаше одлични настапи, музика која ги освои срцата на луѓето ширум светот, жестока борба и уште послатка победа.

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен. Победникот беше решен врз основа на гласовите на стручното жири и гласовите на публиката во сооднос 50:50. По гласовите на жирито, прва беше Швајцарија, поточно нејзиниот претставник Немо со песната „The Code“.

На второто место е Хрватска со 547 бодови. Третото место го зазеде Украина со 453 поени. Најлоша беше Норвешка, која беше на самиот крај со 16 поени, пред Австрија и Словенија со 24, односно 27 поени.

Речиси сите жирија на швајцарскиот претставник му дадоа 12 поени, но Хрватска имаше најмногу поени од телевотингот, но недоволно за да го престигне. Хрватска од стручното жири имаше само две дванаесетки и тоа од Кипар и Србија.

„Песната е биографска, таа е за патување кое започна со сознанието дека не сум ниту машко ниту женско. Да се ​​пронајдам себеси беше долг и често тежок процес за мене. Но, ништо не ја надминува слободата што дојде со сфаќањето дека сум небинарна личност“, вели победникот Немо.

„Неверојатна чест е да можам да ја претставувам Швајцарија на Евровизија. Оваа платформа нуди одлична можност да се градат мостови меѓу различни култури и генерации. Затоа, како квир личност, многу ми е важно да се залагам за целата LGBTQIA+ заедница“, изјави тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холанѓанецот под истрага на ЕБУ зошто удрил член на израелската делегација на Евровизија

Предраг Петровиќ

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он