Европскиот парламент не изгласа синоќа забрана за продажба на гиро и ќебапи бидејќи приговорот за користење фосфати во месото не доби потребно мнозинство. Тоа значи дека во ЕУ и понатаму ќе се продаваат ќебапи какви што се продаваа досега.
За усвојување на таа одлука недостигаа три гласови, објави на Твитер Одбор на ЕП за животна средина, јавно здравје и безбедност.
За предлогот гласаа 373 членови на парламентот, 272 беа против додека 30 беа воздржани.