ЕУ со нови правила за кинеските производители на е-велосипеди

Од:

Европската унија воведе ново правило според кое кинеските производители на електрични велосипеди ќе мора да бидат регистрирани во некоја од земјите – членки на ЕУ доколку сакаат да продаваат на европскиот пазар.

Потегот на ЕУ следува откако Брисел ја обвини Кина дека врши дампинг на ефтини електрични велосипеди во Европа, преку компании кои добиваат директна финансиска поддршка од кинескиот буџет. Здружение на европски производители на велосипеди ги обвини кинеските конкуренти дека честопати продаваат велосипеди по цени пониски дури и од трошоците за производство, а дека загубаат ја надоместуваат со помош на државни субвенции.

Тајвански Џајант, еден од најголемите производители на велосипеди со фабрики во Кина, го отфрли обвинението. Извозот на кинески компании како Бетл Фушида, Аима и Тианџин пораснал за над 80 проценти, што предизвика аларм кај европските компании.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска