Затнување на дишните патишта, главоболка, здодевна кашлица, се најчести симптоми на настинки кои предизвикиваат повеќе здравствени проблеми.
Иако постојат голем број сирупи против кашлица и спрејови за нос, постојат и други ефикасни алтернативни начини за лекување на овие симптоми. Еден од нив е ароматерапијата, која е исклучително ефикасна во намалувањето на воспаленијата, затнат нос, кашлица и притисок во синусите.
Многу етерични масла помагаат и при разбивање на тврдата слузница. Најефикасни од нив се лавандата, нането, рузмаринот, кедровина, еукалиптус, бор, лимон, ниаули, чаевец.
Маслата од еукалиптус, нане и бор се многу ефикасни во отпушување на синусите. Тие с емасла со силен освежителен мирис, што го прави поефикасно нивното терапевтско делување.
Еукалиптус (Eucalyptus globulus и Eucalyptus radiata) го олеснува дишењето, силно го стимулира имунолошкиот систем, а воедно има и антибактериско и антивирусно делување.
Борот делува стимулативно, ги ублажува болките и го освежува организмот. Има силно терапевтско делување кај инфекции на дишните патишта, бронхитис и астма. Посебно е делотворен во комбинација со етерично масло од еукалиптус.
Маслото од ниаули и од рузмаринот исто така можат да отстранат затнат нос. Тие ја намалуваат непроодноста на дишните патишта и исцедокот од носот. Се смета дека имаат и ефикасни антисептички својства.
Етеричното масло ниаули има изразито антивирусно, но и антибактериско дејство и е едно од најважните антиалергенси меѓу етеричните масла.
Рузмаринот е моќен во борбата против бактериите (стрептококи, ешерихија коли), го олеснува дишењето, ја поттикнува циркулацијата и ги ублажува болките.
Главоболката поради затнат нос и воспаление на синуси е една честа тегоба на настинката.Маслото од нане и од лаванда помагаат во олеснување на овие симптоми. Лавандата освен тоа е ефикасна и за отстранување на внатрешниот немир, раздразливоста и проблем со несоница.
Се смета дека етеричното масло од лимон е добро за искашлување и чистење на дишните патишта, а може и да помогне и кај сузбивање на чувството на притисок во градите.
Етеричното масло од кедровина и ниаули се корисни за ублажување на тегобите со бронхиите. Кедровината успешно помага против настинка, кашлица, бронхитис и грип. Делува смирувачки, го бистри умот и ја јакне емотивната и психичката стабилност.
Маслото од австралиски чаевец има силни антивирусни и антибактериски својства. Ова масло со векови се користи во традиционалната медицина на Австралија.
Инхалацијата со пареа, дифузер и ароматераписка купка се трите најефикасни начини на искористување на лековитите својства на етеричните масла.