Ештон Кучер ги надмина своите колеги Чарли Шин и Хју Лори во трката за најплатен телевизиски актер на годишната листата на „Форбс“, со заработка од 24 милиони долари годишно.
Благодарение на улогата во „Два и пол мажи“ која ја наследи од Чарли Шин, Ештон изби на врвот на најплатени ТВ актери.
На второто место е Хју Лори, кој до април оваа година глумеше во ТВ серијата „Доктор Хаус“, а неговата заработка од 18 милиони долари е идентична со третопласираниот комичар Реј Роман.
Топ пет најплатени ТВ ѕвезди:
1. Ештон Кучер – 24 милиони долари
2. Хју Лори – 18 милиони долари
3. Реј Романо – 18 милиони долари
4. Алек Болдвин – 15 милиони долари
5. Марк Хармон – 15 милиони долари