Декоратерката Ала Шумејко добила задача да дизајнира стан за еден неженет московјанин, кој сакал не преголем стан уреден на начин што ќе ги задоволува неговите ергенски потреби.
Станот од 56 метри квадратни се наоѓа во центарот на Москва и се состои од дневна соба, кујна, спална соба, бања и балкон. Кујната е во црна боја со сив таван и со додатоци во нијанси на кафената и тонови на златната боја.
Дневната соба е уредена во античко-кинески стил со стар необичен тепих набавен во Истанбул, кој совршено се вклопува со топлите нијанси на бојата на јоргованот. Во собата има софа од кашнир, полица за книги и комода на која има модерен телевизор.
Од дневната соба преку лизгачка врата се преминува во спалната, каде со употреба на високи вази се постигнува впечаток на визуелно повисока просторија.
Бањата има огледало со богато гравирана рамка и е декорирано со свеќи и уметнички дела. Ве-Це школката е така дизајнирана што кога ќе се затвори капакот личи на клупа.
Балконот има ѕидно осветлување, а на таванот висат саксии со бршлен, со што целиот амбиент наликува на зимска градина, во која има столица за опуштање, купена во САД.