„Епл“ во Бразил нема право на името „ајФон“

Од:

Бразилска регулаторна агенција одлучи дека компанијата „Епл“ нема ексклузивно право да го користи името „ајФон“ за својот телефон во оваа земја.

Ваква одлука е донесена бидејќи локалната компанија „Градијенте електроника“ го заштитила правото на користење на ова име во 2000 година, седум години пред тоа да го направи американскиот гигант.

Портпарол на „Епл“ одби да коментира, но извор од бразилскиот Институт за индустрискa сопственост истакна дека американската компанија поднела жалба.

Институтот наведува дека неговата одлука се однесува само на мобилните телефони и дека „Епл“ има ексклузивно право на логото „ајФон“ на облеката, софтверот и останатите свои производи.

„Епл“ може да продолжи со продажба на телефоните „ајФон“ во Бразил, својот најголем латиноамерикански пазар, но компанијата „Градијенте електроника“ има право да поднесе тужба.

„Епл“ смета дека има ексклузивно право да го користи името „ајФон“, бидејќи фирмата „Градијенте“ до декември 2012 година во својата понуда немала ниту еден производ со ова име.

Бразилската компанија сега во својот каталог го има мобилниот телефон „ајФон нео 1“, кој чини 304 долари.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска