Епл со нова надградба за иОС што ги решава безбедносните проблеми на АјФон

Од:

Епл на своите корисници на „АјФон“ смартфони ќе понуди надградба на оперативниот систем што вклучува решение на безбедносните проблеми.

Станува збор за надградабата иОС 6.1.3. што се уште не е достапна за преземање, но тоа ќе биде наскоро дозволено.

Во соопштението на Епл се наведува дека надградбата го решава проблемот, што дозволуваше на хакерите да го „заобиколат“ ПИН-от и пристапат до апликациите на АјФон, а подобрена е и услугата Мапи.

Надградбата е подготвена откако оперативниот систем на Епл овозможуваше пристап до приватните податоци на корисникот како што е телефонскиот именик и фотографиите, а за тоа да не внесат безбедносен код.

Ова е најнова надградба за иОС 6.1. кој се појави во јануари. Минатиот месец Епл го понуди иОС 6.1.1. кој ги реши проблемите со 3Г мрежата и електронската пошта. Овие проблеми беа забележани кај корисниците на АјФон 4С.

Најновата надградба стигнува по иОС 6.1.2. кој го реши проблемот со синхронизирање на Епл уредите со „Microsoft Exchange Server“.

Би можело да ве интересира

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска