Епл на своите корисници на „АјФон“ смартфони ќе понуди надградба на оперативниот систем што вклучува решение на безбедносните проблеми.
Станува збор за надградабата иОС 6.1.3. што се уште не е достапна за преземање, но тоа ќе биде наскоро дозволено.
Во соопштението на Епл се наведува дека надградбата го решава проблемот, што дозволуваше на хакерите да го „заобиколат“ ПИН-от и пристапат до апликациите на АјФон, а подобрена е и услугата Мапи.
Надградбата е подготвена откако оперативниот систем на Епл овозможуваше пристап до приватните податоци на корисникот како што е телефонскиот именик и фотографиите, а за тоа да не внесат безбедносен код.
Ова е најнова надградба за иОС 6.1. кој се појави во јануари. Минатиот месец Епл го понуди иОС 6.1.1. кој ги реши проблемите со 3Г мрежата и електронската пошта. Овие проблеми беа забележани кај корисниците на АјФон 4С.
Најновата надградба стигнува по иОС 6.1.2. кој го реши проблемот со синхронизирање на Епл уредите со „Microsoft Exchange Server“.