Куќата Лиув со површина од 290 метри квадратни, која се наоѓа во Сент-Питерс-Лиув во Белгија, е изградена по највисоки стандаарди за енергетска ефикасност.
Компакната куќа делува како катализатор на топлина. Екстериерот има темна нијанса, додека металната струтура е целосно одвоена и воедно сперчува губење на топлинска енергија. Сендвич панелите, кои обично се користат во индустриските објекти, се искористени за изолација.
Северниот дел од фасадата е релативно затворен, за разлика од јужната и западната страна, кои се застаклени.
Кога ќе влезете во ентериерот, сценографијата оддава различни функции, кои можат да се пронајдат во разни нивоа, со интересен меѓусебен сооднос.
Ова не е енергетски ефикасна куќа со премногу технолошки новитети, туку само покажува дека пространите и визуелните односи, можат да се реализираат на начин што се надоврзува во контекст на околината.
Ентериерот на овој белгиски дом е отворен, со уметничка галерија, сосема едноставни бои, како што се сивата и белата, и минималистичкиот аранжман на мебелот.