Електронските цигари се поштетни отколку што многумина сметаат

Од:

Вдишувањето пареа од електронските цигари може да ги оштети клетките кои се од клучно значење за нашиот имунолошки систем. Тоа го негира тврдењето на некои здравствени институции кои се уште сметаат дека електронските цигари се помалку штетни од обичните, се посочува во нова студија на Универзитетот на Бирмингем.

Претходните испитувања се фокусираат на хемискиот состав на течноста во електронските цигари пред тие да испарат. Најновото, пак, се фокусира токму на пареата. Во експериментот учествувале осуммина непушачи.

– Не мислам дека електронските цигари се поштетни од обичните, но треба да го отфрлиме и мислењето дека се безбедни, истакнува проф. Дејвид Тикет.

Британските истражувачи посочуваат дека пареата од електронските цигари го оневозможува нормалното функционирање на имунолошкиот систем, клетки кои се наоѓаат во белите дробови и предизвикуваат воспаленија. На удар се клетките одговорни за отстранување прашина, бактерии и алергени.

Промените кај испитаниците се забележани по само 48 часа надзор во лабораториски услови.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска