На 52-то меѓународно париско „Шоу во воздух“, компанијата Евиејшн Еркрафт, којашто е дел од програмата на НАСА, го претстави својот нов електричен авион со капацитет за летови од 965 километри.
Од компанијата, исто така, соопштија дека тестирањата се уште траат, а комерцијалните летови ќе бидат пуштени во употреба наредната 2018 година.
– Мораме да ги следиме трендовите, било да се работи за намалување на штетните гасови или пак, за цените за патување, нашиот електричен авион претставува можност за исполнување на новата побарувачка на пазарот, изјави директорот на Евиејшн Еркрафт, Омер Бар-Јохаи.
Како и кај секое електрично превозно средство, главен проблем е издржливоста на батериите, но се чини, сега и тоа е надминато.