Дизајнерот на стилски предмети Едвард Голиков креираше елегантна дрвена склуптура во облик на најголемиот цицач во светот.
Овој преубав предмет има двојна функција, претставувајќи целосно неконвенционална столна лампа.
Креирана од брезово дрво, сите делови се ласерски сечени и составени во серии на концентрични облици, кои формираат стилска верзија на ова прекрасно водено суштество.
Китот-лампа може да биде поставен на работната површина, но исто така е опремен и со систем кој му дозволува да лебди во амбиентот.