„Ел Џи В40“ ќе понуди пет камери и екран како на „Ајфон Х“

Од:

Следниот модел во серијата „Ел Џи В“ (LG V), кој ќе биде објавен во текот на годината, ќе има пет камери, според извор на „Андроид полис“ (Android Police).

Сепак, барем една од двете предни камери (веројатно и двете) ќе се користи за препознавање на лицето преку создавање на 3Д мапа на лице. Ова ќе биде можно благодарение на позицијата на камерите – како и при визијата кај човекот, тие ќе можат да снимаат стерео слики.

Според сајтот, главната тројна камера ќе вклучува сензори со стандардна оптика и широка оптика, но досега нема податоци за третата функција на сензорот.

Уредот ќе понуди „исечен“ (од крај до крај) дисплеј (не е јасно дали ќе биде ЛЦД или ОЛЕД), а исто така ќе има дизајн како Г7 ТинКју (G7 ThinQ).

Очекуваме уште „Снепдрегон 845“ (Snapdragon 845), „Квад ДАЦ“ (Quad DAC) за подобрен звук, специјално копче за активирање на „Гугл асистент“ (Google Assistant) и сензор за отпечатоци на задната страна.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска