Ел-Џи претстави нови Тон Ултра слушалки

Од:

Јужнокорејската компанија Ел-Џи Електроникс ја збогати серијата Тон Ултра блутут слушалки од средна класа со најновиот модел ХБС-810.

Компанијата од претставувањето на Тон блутут серијата во октомври 2010 година низ целиот свет досега има продадено 10 милиони слушалки.

Новиот модел ХБС-810 е креиран да обезбеди целосно ново искуство на звук благодарение на соработката со еден од светските лидери во аудио електрониката, компанијата ЈБЛ.

Ел Џи Тон Ултра 2

Квад-Лејр Спикер технологијата овозможува подобрени басови, средни тонови, како и целосен квалитет на звукот благодарение на способноста за оптимално изедначување. Флексибилните „бубачки“ изработени од силиконски гел овозможуваат максимална звучка изолација и јасна репродукција на звук, со минимална надворешна бука.

Новите Тон  Ултра содржат напредни функции, претходно достапни единствено на слушлки од врвен квалитет. Иновативната технологија на Ел-Џи нуди можност за целосно вовлекување на кабелот, со што се спречува ниво заплеткување.

Слушалките, исто така, имаат и копче за контрола на звукот и брзо менување.

Ел-Џи Тон Ултра блутут слушалките кон крајот на август ќе бидат достапни на пазарот во САД, а потоа и на останатите пазари низ светот.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска