„Ел-Џи“ работи на „смарт“ часовник и очила

Од:

 Компанијата „Ел-Џи“ експериментира со смартвоч технологија и планира на пазарот да претстави „смарт“ часовник.

„Кореа Тајмс“ наведува дека „Ел-Џи“ работи на преносни уреди кои ќе имаат или Андроид или Мозила оперативен систем, а ќе може да се синхронизираат со мобилен телефон.

Компанијата забрзано работи и на очила кои ќе бидат конкуренција на „Гугл Гласес“.

Според проценките глобалната индустрија на часовници вреди околу 60 милијарди долари. Неколку компании се обидуваат да произведат часовници кои ќе имаат и други функции освен покажување точно време, како што се читање електронска пошта и користење апликации.

„Епл“ веќе има формирано тим од 100 дизајнери кои работат на смарт часовник, а случни најави има и од „Сони“ и „Најк“.

„Самсунг“ и „Гугл“, исто така, работат на смарт часовници и двата ќе имата Андроид оперативен систем.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска