Ел-Џи Оптимус Г Про

Од:

Јужнокорејскиот производител на телефони „Ел-Џи“ ги објави деталите на најновиот модел Оптимус Г Про, кој ќе биде претставен на Саемот во Барселона.

Оптимус Г Про ќе биде најголемиот телефон од „Ел-Џи“, со екран од 5,5 инчи и ФулХД резолуција, процесор од 1,7 гигахерци, 2 ГБ работна меморија и Андроид оперативен систем.

Батеријата на најголемиот модел на „Ел-Џи“ има капацитет од 3,140 милиАмпер часа. Моделот е опремен со 13 мегапикселна камера со блиц на задниот дел и камера од 2,1 мегапиксели на предниот.

Корисниците ќе можат истовремено да снимаат со двете камери, што овозможува панорамски слики во сите правци.

Цените ќе бидат познати по неговото претставување во Барселона.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска