Ел-Џи на Саемот во Лас Вегас ќе претстави нов 9.1 сараунд систем

Од:

Саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас почнува идната недела, а јужнокорејскиот производител Ел-Џи објави некои од новитетите со кои ќе се претстави, меѓу кои и новиот 9.1 сараунд систем.

Ел-Џи на Саемот во Лас Вегас (ЦЕС) ќе претстави повеќе новитети, кои треба да излезат на пазарот во текот на идната година.

Тука е БХ9430ПВ 9.1 сараунд систем, кој на класичниот 5.1 систем додава уште четири канали за уште подобро кино доживување. За правилно балансирање на сите ефекти се грижи нов процесор за обработка на звукот.

Системот е компатибилен со НФЦ технологијата и служи како паметен центар, а има и СмартТВ функции. Звукот може преку вај-фај да се пренесе на мобилен телефон со цел да се обезбеди мир во текот на ноќта во остатокот на домот.

На саемот Ел-Џи ќе претстави и нов саундбар звучник, Блу Реј плеер со СмартТВ функции, двоен звучник за Андроид и иОС уреди и нов преносен безжичен звучник.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска