Еко село во Холандија

Од:

Во близина на Амстердам постои Еко село во кое може да се одгледува храна, управува со отпад и да се живее целосно самостојно.

Новиот проект е дело на компанија со седиште во Калифорнија „РеГен вилиџис“, што во основа ја користи моќта на денешната технологија за да креира целосно самоодржливо село.

– Ние го редифинираме развојот на станбениот недвижен имо,т создавајќи вакви регенеративни населби, во кое можеме да одгледуваме органска храна, да имаме чиста вода за пиење, да собираме енергија од природни извори и да уништиме многу повеќе отпад, наведуваат од компанијата „РеГен вилиџис“.
Компанијата се надева дека со комбинирање на самоодржливо земјоделство и управување со земјиштето, со независна технолошка инфраструктура овие села ќе станат целосно енергетски независни и да произведуваат големо количество органска храна секоја година вклучувајќи овошје, зеленчук, ореви, мешункасти плодови, риба, јајца, пилиња, мали животни кои даваат млеко и протеини.

Визијата би можела да стане реалност во блиска иднина. Проектот почнува во Алмер на 20 минути возење до Амстердам, каде што се сместени 25 домаќинската. Ако холандското Еко село успее, „РеГен вилиџис“ се надева дека ќе направи околу 100 такви села пред се, во Северна Европа.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска