Екипата „Togepi Crew“ од Битола најдобра на програмерскиот маратон „Codefest 2015“

Од:

Младите програмери од екипата „Togepi Crew“ од Битола се победници на програмерскиот маратон „Codefest“ што викедов се одржа на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ во Охрид. Првата награда тие ја добија за нивната едукативна „augmented reality“ апликација, наменета за претварање на фотографиите од училишните учебници во тридимензионални модели, што има за цел олеснување на едукативниот процес.

Второто место му припадна на тимот „Coding Mates“ чии членови разработуваа веб-софтвер преку кој пациенти можат директно да комуницираат со доктори и лично да закажуваат прегледи.

Третонаградена е екипата „Developer’s Case“, која разработуваше  иновативно решение, комбинација на хардвер и софтвер чија примена би придонела за намалување на бројот на незгоди во сообраќајот преку вградени сензори во возилата и сигнализацијата.

Награди на маратонот беа доделени и во категориите иноватор, најдобра бизнис апликација, нинџа-талент, најдобро веб-решение, најдобра мобилна апликација, најдобар дизајн… Како особено интересна е посочена апликацијата „Betty“ што претставува систем со препораки за обложување на паметен начин.

Организаторите на програмерскиот маратон почочија дека на годинешниот „Codefest“ се презентирани разновидни општествено-применливи идеи, со реална остварливости потенцијал за нивна практична применливост во секојдневниот живот.

Победниците на маратонот оваа година наместо материјални награди ќе имаат можност како најдобри да учествуваат на светски познати натпреварувања од тој тип, два натпревари во земјата, како и за учество на поголеми меѓународни натпревари што ќе се одржат во Црна Гора и во Турција, што ќе биде шанса за пладите програмери од Битола своите идеи да ги претстават пред поголем потенцијален пазар.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска