Претставник на египетските власти ја критикуваше анимираната серија „Том и Џери” за тоа дека шири култура на насилство.
Овие критики на форум во Каиро ги упати Салах Абдел Садек, директор на Државната информативна служба, која е поврзана со египетското претседателство. На форумот се разговараше за насилството во анимираните филмови и во видео игри. Во дискусијата учествуваа научници, медиумски експерти и претставници на египетските установи.
Салах Абдел Садек изјави дека уште од мали децата гледаат како мачорокот Том и глушецотт Џери се борат, активираат експлозиви и потоа гледаат на овие активности како на нешто сосема природно. Тоа, според него, само придонесуваат за ширење на културата на насилството.