Во една постара зграда во шведскиот град Гетеборг се наоѓа еднособен стан кој по реновирањето доби интересен и уредно среден ентериер.
Внатрешноста на станот се карактеризира со повеќе интересни елементи, како што се вградениот шпорет, дрвениот под, елементите во кујната и убаво осмислениот мини балкон.
Станот е со висок таван од три метри, а во него доминираат сивата и белата боја, чии нијанси се менуваат во зависнот од интензитетот на светлината.
Лево од влезот на станот е класичната кујна од Икеа, а крај неа е сместена трпезариска маса со четири столици, кои се наоѓаат крај голем прозорец од кој се пружа фантастичен поглед кон дворот пред зградата.
Спалната соба е доволно голема во неа да бидат сметсен кревет, софа, телкевизор и мал плакар. Благодарејќи на големиот прозорец преку кој влегува доволно количество светлина, спалната оддава впечаток на поголема пространост од реалната.
Терасата е приказна само по себе. Иако е бетонска, мала и со железна ограда, таа е така осмислена за да претставува идеално место за одмор.