Меки и вкусни …
Потребно е:
100 гр шеќер
250 гр брашно
прстофат сол
2 лажичиња прашок за пециво
1 бурбон ванилин шеќер
малку цимет
2 јајца
120 мл масло
250 мл јогурт
1 чаша вишни (или друго овошје по ваш избор)
за посипување:
2 лажици овесни снегулки
2 лажици кафеав шеќер
Подготовка:
– Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.
– Во калапот за мафини ставете хартиени корпички.
– Во еден сад пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и бурбон ванилиниот шеќер.
– Во друг сад измешајте ги брашното, солта и прашокот за пециво и додадете малку цимет.
– Во смесата со јајца додадете го маслото и матете додека да се соедини.
– Наизменично додавајте ги сувата смеса со брашно и јоогуртот со постојано матење.
– Ако користите свежо овошје посипете го со 1 лажица брашно за да не потоне овошјето во смесата. Исто посипете го со неколку лажици кафеав шеќер.
– Додадете го овошјете во смесата и полека измешајте.
– Наполните ги корпичките 3/4 од волуменот со смесата, посипете ги со овесните снегулки и кафеавиот шеќер и ставете да се печат во загреана рерна околу 20 минути. Проверете со чепкалка за заби дали се печени.