Граѓаните испиле 1,3 милиони пакувања диазепам: Расте потрошувачката на лекови за смирување

Од:

Над еден милион и триста илјади рецепти за диазепам биле издадени во 2022 година, велат податоците од веб платформата Е-здравство која ги интрегрира сите достапни дигитални здравствени услуги на едно место, а ќе биде промовирана на 24 април.

Македонските граѓани не можат без лекови за смирување, а дијазепамот е на врвот на листата на вакви лекови деценија наназад. Ако во 2014 година биле препишани околу 850 илјади пакувања дијазепам, сега се препишани пола милион повеќе. Во 2020 година биле препишани исто така 1,3 милиони, додека во 2021 година биле издадени речиси 1,4 милиони рецепти.

Платформата Е-здравство покажува податоци на дневно ниво, а последниот податок од 20 април вели дека се издадени 7.657 рецепти дијазепам, 8.766 рецепти за еналаприл кој е лек за регулирање на крвниот притисок и 8.499 рецепти метформин потребен на пациентите кои боледуваат од дијабетес.

Еналаприл и метформин биле најмногу препишувани во 2022 година, но тоа не е изненадување со оглед на тоа дека се работи за лекови за хронични болести.

На платформата се наоѓаат податоци и за болничките приеми во 2022 година, како и за хируршките интервенции во болниците ширум Македонија.

Државните клиники во Скопје примиле најмногу пациенти во Македонија. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство имала 12.961 болнички прием по што следува Клиниката за кардиологија.

Над 10.000 пациенти за една година примиле и болниците во Битола, Тетово, Штип, Струга и Градската општа болница „8 септември“ во Скопје.
Клиниката за очни болести извршила најмногу хируршки интервенции во 2022 година, вкупно 5056. На пластична и реконструктивна хирургија биле направени 4387 интервенции, а на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во СКопје биле направени 4343 операции.

Платформата која ја изработи „Мој Термин“ со техничка поддршка од УНИЦЕФ и со финансиска помош од УСАИД има посебен дел посветен на имунизацијата, со што им овозможува на родителите, старателите и на општата јавност пристап до сите информации за редовните вакцини за деца на едно место.

Би можело да ве интересира

Меџити: Двоцифрен број нови лекови на позитивна листа многу брзо

Пановски: Фирма која лаже граѓани за здравје треба да се затвори

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Да се изберат тројца онколошки пациенти кои ќе имат увид во целата постапка

А1он

Нов протест со шест барања и ултиматум за скандалот на Онкологија

А1он

Прераспределба на Буџет: За повисоки плати на функционери 11,7 милиони евра, а за книги и лекови само 2,8 милиони

Орце Костов

Сестрата која во февруари по вторпат беше фатена како краде лекови на Онкологија, добила отказ во мај

Орце Костов