Филувани плочки од компири

Од:

Малку поинаку подготвени печени компири …

Потребно е:
400-500 гр компири
масло
мелен сув зачин
50 гр сланина
2 млади кромидчиња
50 гр сирење
50 гр изрендан трапист кашкавал
1 јајце
1 лажица сецкан свеж магдонос

Подготовка:
– Компирите излупете ги и исечете ги на плочки со дебелина околу 6-7 мм. Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, испрскајте ги со масло и зачинете со мелен сув зачин. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 25 минути.

– Додека се печат компирите подгответе го филот. Во еден сад ставете ги исецканата на коцки сланина, сецканиот млад кромид, сирењето, ренданиот кашкавал, магдоносот и изматеното јајце. Измешајте убаво.

– Извадете ги компирите од рерна и превртете ги од другата страна.

– Распоредете го филот на компирите и повторно вратете ги во рерна да се допечат уште 15-тина минути.

– Послужете ги топли.

Би можело да ве интересира

Граѓаните испиле 1,3 милиони пакувања диазепам: Расте потрошувачката на лекови за смирување

Орце Костов

Едноставни мафини со овошје

Наум Локоски

Суви колачиња од интегрално брашно со мед

Ана Ололовска