Единствен таблет во светот на кој може да се гледа телевизија

Од:

Можеби не е во состојба да се поврзе на сајтови кои властите во Пјонгјанг не ги одобруваат и нуди само неколку апликации, но сепак таблетот „Самијон“, кој е произведен и достапен само во Северна Кореја, може нешто што не може ниту еден друг таблет.


Овој седум инчен таблетот на своите корисници им нуди нешто што ниту еден друг таблет не е во состојба да го понуди, а тоа е гледањето телевизија што го овозможува вградена антена.


Таблетот за 200 долари во Пјонгјанг го купил еден турист. Ако може да им се верува на спецификациите на кутијата, таблетот поседува и процесор од 1.2 GHz, што теоретски го прави побрз од „Самсунг Галакси Таб2“ и „ајПад 2“.


Телевизиската антена на „Самијон“ е однапред наместена да ги фаќа само државните телевизиски канали, така што е сосема бескорисен надвор од Северна Кореја.


Иако таблетот не може да се поврзе со некоја WiFi мрежа надвор од Северна Кореја, „Самијон“ претставува импресивен апарат за една исклучително изолирана земја.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска