Јапонската компанија „Самсунг“ го претстави новиот телевизор F9500, кој овозможува гледање на две различни емисии истовремено.
Компанијата во пресрет на најголемиот Саем за потрошувачка електроника, кој се одржува во Лас Вегас, го претстави првиот телевизор во светот со синхронизирани „мулти-вју“ карактеристики, што придонесува за употреба на последната генерација ОЛЕД екрани.
Телевизорот овозможува две лица истовремено да гледаат целосно различна фул-ХД содржина на ист екран, со соодветен звук и управување.
Претставникот на „Самсунг“ Џо Стинциано истакна дека ова е можно само со ОЛЕД технологијата, во чии рамки сликите можат да се движат преку екранот, кој ќе биде од 55 инчи.
За да ја гледаат програмата која ги интересира, корисниците мораат да носат посебни 3Д очила, кои имаат вградени звучници, за да можат само тие да го слушаат стерео звукот.
ОЛЕД телевизорите не бараат посебно позадинско осветлување, па затоа се потенки, трошат 20 отсто помалку енергија и даваат поостра слика отколку класичните рамни екрани.