Ако некогаш сте сакале да прошетата низ познатиот лавиринт со ѕидови од цигли кој во 90-те години од минатиот век дојде со оперативниот систем Виндоус 95, сега имате можност да ја исполните својата желба во рамките на играта Скринсејвер Сабтерфјуџ (Screensaver Subterfuge).
Во 1995 година лавиринтот представуваше тунел преку кој се праќаат важни податоци. Вашата задача како хакер е да пронајдете директориум кој содржи токму такви податоци.
На својот пат ќе се среќавате со големи дводимензионални стаорци, а за да се пробиете низ лавиринтот треба да пукате во ѕидовите за да ја промените нивната текстура. Голем жолт смајли значи крај на нивото, а ги има вкупно три.
Авторите на играта намерно своето дело го „збогатиле“ со грозна нарација, која претставува еден вид пародија на некои од најпопуларните слогани од 90-те години, како Cyberspace has never looked so three dimensional! The geniuses at Microsoft have done it again!