Според многу критериуми „Игра на тронови” е најголема телевизиска серија и најголем хит во историјата на телевизијата ХБО, па воопшто не изненадува фактот дека главните глумци заработуваат многу пари.
Емилија Кларк, Николас Костер-Валдау, Питер Динклиџ, Кит Харингтон и Лена Хиди заработуваат 500.000 долари по епизода, што значи дека цела сезона од 10 епизоди им носат заработка од пет милиони долари.
Исто толку заработува Кевин Спејси за улогата во „Куќа од карти”, а нешто помалку Клер Дејнс за една епизода во серијата „Татковина”.