Ѕвездите го отворија Cineplexx во Македонија

Од:

Познати музичари, актери, бизнисмени и други ВИП личности, беа првите посетители на првиот комплекс кина во Македонија – Cineplexx. На синоќешниот гала настан гостите ги забавуваа ликовите од серијалот со Џемс Бонд и од филмот „Животот на Пи“, а оркестар во живо свиреше музички теми од познатите филмови.

Најголемото кино беше отворено со двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд „Небесен пад“ и на 3Д авантурата „Животот на Пи“.

[nggallery id=76]

Дел од познатите кои беа меѓу присутните беа актерите Владо Јовановски, Лабина Митевска, Висар Вишка, Оливер Митковски, Александар Микиќ, Весна Петрушевска, Драган Спасов – Дац, режисерите Дарко Митревски, Столе Попов, Срѓан Јанаќијевиќ, пејачите Елена Ристевска, Викторија Лоба, Брејк, Тони Зен. Меѓу дипломатите, бизнисмените и политичарите гости беа Божидар Јанковски, Радмила Шеќеринска, Веле Самак и многу други.

По ВИП проекцијата, следуваа три ноќни проекции за широката публика, по промотивна цена од 90 денари која важеше само за оваа вечер. Огромен број на посетители го преполнија најгорниот спрат на Скопје Сити Мол за да седнат во удобните столчиња на Cineplexx и да гo искусат вистинското чувство да се биде во кино.

По специјална цена билетите во Cineplexx ќе можат да се набават и секој вторник, кој ќе биде „ден за кино” во понудата на компанијата.

По повод свеченото отворање на Cineplexx, за време на викендот, од 23-ти до 25-ти ноември 2012 година, ќе бидат организирани голем број активности. Посетителите на Cineplexx ќе можат да уживаат во забавна програма, 3D street анимација поставена пред самото кино, анимација со кловнови, жонглери, маскоти, танцови двојки и други бројни активности.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ