Магазинот „Тајм“ ја објави својата годишна листа на 100 највлијателни луѓе, меѓу кои и Џенифер Кулиџ.
Актерката неодамна доби Златен глобус за улогата во серијата White Lotus во категоријата најдобра споредна женска улога. Неколку дена подоцна ја доби наградата на критичарите за истата улога. Џенифер во интервју за магазинот се осврна и на претходните улоги и рече дека и е многу драго што нејзината работа била препознаена.
„Апсолутно ми е збунувачки што ова се случува. Но, погодете што? Ми се допаѓа. Се чувствувам како да сум била затворена во кутија под креветот и сега сум надвор. Мило ми е што ме пуштија да излезам од таа кутија, вака е многу подобро“, изјави актерката. Таа им даде совет и на помладите жени помалку да се грижат дали ќе бидат прифатени. И нагласи дека мора да си го најдат својот пат.
„Постоеше огромен дел од мојот живот што го поминав обидувајќи се да најдам момци кои не ме сакаа, наместо само, знаете, да се грижам за бизнисот и да работам на моите работи“, рече актерката.