Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Од:

Актерот Џорџ Клуни изјави дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден „неодговорно“ ја сокрил својата здравствена состојба за време на претседателската кампања минатата година.

Американскиот актер Џорџ Клуни беше еден од најжестоките поддржувачи на поранешниот американски претседател, а сега го критикуваше и него и медиумите за лошото известување за здравствената состојба на Бајден.

Во интервју за Њујорк Тајмс, актерот рече дека американскиот претседател Доналд Трамп победил на изборите бидејќи тимот на Бајден не комуницирал ефективно.

„Администрацијата на Бајден беше ужасна во објаснувањето дека ние сме светска економија, каде што всушност ни оди подобро од сите други земји од Г7. „Тие беа лоши во тоа бидејќи нивниот гласник, во најмала рака, не даваше се од себе“, рече Клуни.

Тој, исто така, го критикуваше Трамп, велејќи дека неговиот прв мандат е, како што рече, „резултат од осумте години со афроамериканскиот претседател Барак Обама на власт“, ​​пишува Њујорк пост. ‘

„Веќе нема правила. „Тоа е како да оставите бебе да оди по автопат попладне“, рече Клуни за Трамп.

Би можело да ве интересира

Путин изгуби клучен сојузник, Трамп даде понуда што не може да се одбие

А1он

Трамп: Се приближуваме до договор за Русија и Украина

А1он

Внуката на Трамп вели дека нејзиниот чичко можеби има Алцхајмерова болест

Тајни снимки од Белата куќа: Трамп беснееше, викаше и пцуеше: „Ебете се!“

Трамп: Ова е пиштолот на напаѓачот, наполнет, со уште два полни шаржери

А1он

Трамп: Кина жива ќе ја изеде Канада

А1он