Џејми Оливер бара работници за новиот ресторан во Белград, отворени 10 позиции

Од:

Британскиот готвач и ТВ лице Џејми Оливер отвора ресторан во Белград, а сега бара работници во својот ресторан во „Белград на вода“.

“Здраво драги луѓе. Поздрав од Џејми Оливер! Имам одлична вест за вас. Го отвораме нашиот прв ресторан во Србија во прекрасниот Белград. Јас и мојот тим ги бараме вистинските луѓе да дојдат и да се приклучат на нашиот тим. Ако имате страст за храна и гостопримство и ако сакате да бидете дел од одличен тим кој се грижи за вашиот развој и задоволство, аплицирајте кај нас што е можно поскоро, истакна Џејми во видеото објавено пред 2 дена на официјалната страница на неговиот нов ресторан. .

Како што стои во огласот на неговата веб-страница, Џејми Оливер бара работници за следните работни места за неговиот ресторан во Белград:

Готвачи

Заменик главен готвач

Главен готвач

Бармени

Менаџер

директор за логистика

Главен менаџер

Келнери

Хостеса

Персонал за поддршка

Како што е наведено на неговата веб-страница, единствено што треба да направите е да го понесете вашето CV со себе и лично да дојдете во просториите на идниот ресторан утре, 9 ноември, од 12:00 до 20:00 часот. Тој не зборуваше за платата, а нема информации ниту на веб-страницата, пренесува Блиц.

Веста дека Џејми Оливер отвора ресторан во Белград излезе на крајот на октомври. Ќе отвори ресторан во ланецот „Џејмис Италијан“ во Белград.

Би можело да ве интересира

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Најкорисниот трик на Џејми Оливер кој секогаш ќе го практикувате

ВИДЕО: Синот на Џејми Оливер по стапките на својот татко

Ана Ололовска

Џејми Оливер фати крадец во својот двор

Наум Локоски

Поради ланецот ресторани, Џејми Оливер должи 71,5 милиони фунти

Наум Локоски

Џејми Оливер: Енергетските пијалоци лошо влијаат на успехот на училиште на децата

Наум Локоски