Џастин Бибер расплака обожавателка во Австралија

Од:

Џастин Бибер се соочи со славата уште на својата 14-годишна возраст, кога ги сними првите свои обработки на песните на Џастин Тимберлејк, но денес девет година подоцна, неговото трпение кон фановите е се помало.

Популарниот поп-пејач во рамките на турнејата „Purpous”, одржа концерт и во австралискиот град Мелбурн. Како и вообичаено, илјадници обожаватели „го нападнаа“ пред хотелот „Краун Казино“, за да си направат селфи со него.

– Погледнете колку ви е нивото на почитување. Погледни се! Ми се гади од тебе, и рече Бибер на една обожавателка која трчаше кон него.

Локалните репортери веднаш го најдоа несреќното девојче, чие име е Себах Хелал.

– Потрчав да го замолам за фотографија, а тој ми рече дека му ја нарушувам приватноста, рече таа.

Нејзината мајка додава дека по концертот, разочараната и понижена обожавателка исплакала „море од солзи“.

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Џастин Бибер фотографиран во бањарка на улица, многумина веруваат дека се бори со тешка депресија

ВИДЕО: Фановите загрижени за Џастин Бибер

Предраг Петровиќ

Џастин Бибер го поддржа Израел, а објави фотографија од разурнатата Газа

Предраг Петровиќ

Објавени фотографии како би изгледале Мадона, Џастин Бибер, Дуа Липа..без методи за подмладување

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска