Првата СМС порака е испратена токму пред дваесет години – на 3-ти декември 1992 година во Англија.
Сервис, осмислен со цел телефонските оператори да испраќаат кратки пораки до клиентите, доживеа неверојатен успех и стана метод на комуникација во целиот свет за кратки и ефикасни “разговори” поевтини од телефонските.
Во Италија во текот на 2011 година, на пример, испратени се 89 милијарди СМС (Short Message Service) пораки.
Нил Папворт, тогаш 20.годишен инженер на Водафон, за прва СМС порака употребил компјутер кој го поврзал со мобилен телефон, кој беше на англиската мрежа, GSM Водафон, а првата СМС порака од мобилен на мобилен испратил во почетокот на 1993 година. еден стажист во компанијата Nokia.
Денес, постојат нови можности за испраќање на СМС пораки преку “паметни телефони” со користење Whatsapp, но класичните СМС пораки останаа омилени, бидејќи функционираат со сите телефони и со сите оператори, дури и кога нема покриеност со интернет.