Популарната серија „Два ипол мажи“ ќе доживее уште една промена и дека ќе се вика „Два ипол мажи и девојка”, пишуваат странските медиуми.
Во 11 сезона ќе се појави нов женски лик, улогата ќе и биде поверена на млада актерка, која има околу 20 години и кој ќе се појави на вратата на Волден Шмит барајќи го својот татко.
Таа ќе тврди дека нејзин татко е Чарли Харпер, претходниот сопственик на куќата и дека поради тоа ќе се всели таму.
Продуцентите повлекле ваков потег, за да ја пополнат празнината која настана поради заминувањето на синот на Алан, Џејк, после 10-та сезона.