Германската авио стартап компанија „Волокоптер“, во договор со Управата за сообраќај на Дубаи наскоро ги почнуваат тестирањата на електричниот мултихеликоптер ВЦ-200 со 18 ротори, што ќе се користи како летечко такси во северниот дел на Обединетите Арапски Емирати.
– Многу сме благодарни и горди што не одбраа нас како партнери по строгите тестирања, рече основачот на „Волокоптер“, Александер Зосел, додавајќи дека неговата компанија е избрана токму поради „високите сигурносни стандарди”.
ВЦ-200 првпат полета минатата година. Рекордното време поминато во воздух, беше 27 минути при оптимална брзина од околу 50 километри на час. Инаку, максималната брзи на хеликоптерот е 100 километри на час.
Тестирањата ќе почнат на крајот на оваа година и ќе траат пет години.