На 1.060 метри надморска висина меѓу Осло и Берген е сместена дрвената куќичка „Устаосет Кебин“ до која нема широки патишта, па материјалите при изградбата биле транспортирани со хеликоптер.
Меѓутоа, конструкциските проблеми не престанале тука. Пределот е опколен со многу видови на растенија, па работата морала да биде изведена рачно за да се зачува околината.
Кога зборуваме за конструкцијата, оваа планинска колиба содржи ѕидови од борово дрво, три слоја изолација и соларно заштитени панели, кои нудат панорамски поглед на планината Хандангевида, езерото и глечерите кои ја опкружуваат.
Главната спална соба е свртена кон планината и поседува голем стаклен прозорец кој создава чувство на отворен простор. Покрај сите заеднички простории, оваа викендичка исто така содржи соби и високо поткровје, кои претставуваат доволен простор за 13 лица.
Исто како и екстериерот, и ентериерот на оваа колиба се состои од борово дрво, кое се наоѓа на ѕидовите, таваните и подовите.