Шармантната дрвена лулашка, со убав облик е дизајнирана од страна на Вероника Мартинез.
Во облик на лист, дрвената лулашка одлично се вклопува во современите домови, нудејќи разигран дизајн во надворешниот куќен декор. Инспирирана со есенски лисја, ова алулашка ја изработуваат шпански вајари, рачно, од масивно дрво.
Овие неверојатни лулашки се направени од тропското дрво Cerejeira кое е третирано со Тека нафта и јаже достапно во црна, бела или тегет боја.
Феноменалните лулашки не се евтини, но дизајнот на рачна изработка, природно дрво и шарм на рустичен стил вреди пари. Лулашките ја осликуваат природната убавина на дрвото, елегантниот образец на лисјата и многу се мазни. Нежно врежаните контури нудат удобно седиште и изгледаат многу атрактивно.