Дропбокс ќе го прошири развојниот центар во Израел

Од:

Компанијата за онлајн складирање на податоци Дропбокс најави дека ќе го удвои својот развоен тим во Израел, кој ќе биде фокусиран на безбедосни прашања и развој на вештачка интелигенција.

Дропбокс е активен во Израел од 2015 година, кога ја откупи компанијата КлаудОн. Компанијата проценува дека карактеристичниот воен елемент во израелското образование значи дека во земјата има голема понуда на кадар кој може да работи на кибер безбедноста. Компанијата има 40-ина вработени во развојниот центар во Тел Авив, кој е нивната втора најголема канцеларија надвор од САД, по таа во Даблин.

Дропбокс имаше продажби од над милијарда долари во 2017 година, со 500 милиони регистрирани корисници и 11,5 милиони претплатници.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска