Доналд Трамп не сакал јавно да го коментира интервјуто со Меган Маркл и принцот Хари кај Опра, затоа што сметал „дека тоа ќе го уништи како Пирс Морган“, открива неговиот поранешен соработник Џејсон Милер.
Како гостин на една интернет-емисија, Милер рече дека Трамп му го рекол своето мнение.
– Кога разговарав со претседателот [Трамп] утрово, тој ми рече: „Да, таа не е добра. Јас сум го кажал тоа и порано, но сега сите гледаат. Но, ако кажеш нешто негативно за неа, таа ќе те уништи. Погледни го Пирс!”, ги пренесува Милер зборовите на поранешниот претседател на САД.
Имено, како што е веќе познато, британскиот водител Пирс Морган се повлече од шоуто „Добро утро, Британија“ затоа што беше нападнат поради неговите обвинувања и навреди кон Меган Маркл. Имено, во последната своја емисија минатата седмица, тој го напушти студиото среде дискусија со колегата Алекс Клеш, а подоцна објави дека и нема да се врати во шоуто.
Познато е и дека ни Трамп „не е обожавател на Меган Маркл“, што самиот изјави во една своја прилика лани. Една година порано, тој наводно ја нарекол и „лоша“, но подоцна тој го порекна тоа.