Домот на холивудската ѕвезда Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Бајрон Беј, во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, го споредуваат со фабрика, трговски центар и аеродром.
Грандиозниот објект почна да се гради лани, изградбата се уште трае и досега чини осум милиони долари.
Предвидено е внатре да има сала за вежбање, голем базен, сауна, спа простор, соби за рекреација и спортски активности, како и шест спални.