Вилата на Карлa Сендс, новaтa амбасадорка на САД во Данска, односно нејзиниот досегашен дом во Лос Анџелес, е понудена на продажба за 37 милиони долари, јавува порталот Лукслајф.
Амбасадорката е поранешна актерка, вдовица на Фред Сендс кој заработи милиони инвестирајќи на пазарот на недвижност. Вилата е изградена во 2002 година, во стил на класична италијанска вила на два ката.
Сместена во Бел Ер во Лос Анџелес, вилата се простира на 1.470 метри квадратни, и се состои од четири спални соби, пространи соби за дневен престој, девет бањи и совршено уреден двор. Има високи плафони и подови од квалитетно дрво.
Елегантната атмосфера ја надополнува комфорната трпезарија со светкави лустери и двојна врата.
Идните сопственици ќе можат да уживаат и во камин во главната спална, како и во канцеларијата-библиотека и барот што се наоѓаат на неколку чекори.
Тука е и големата гаража којашто собира десет автомобил.