Долгото седење предизвикува дијабетес и срцеви заболувања

Од:

Колку подолго седиме, толку поголем е ризикот за оштетување на срцето, а тука посебно треба да се нагласи срцевата слабост, се наведува во ново истражување на Универзитетот на Тексас во кое учествувале над 1.700 испитаници.

Анализата на крвта открива дека кај лицата кои седат подолго време во денот, имало повисоко ниво тропонин. Во посебно ризичната група спаѓаат оние кои седат просечно повеќе од девет часа, а освен од оштетувања на срцето, се зголемува и ризикот од појава на дијабетес и други слични болести.

Она што посебно треба да се истакне, е дека во тие околности, ниту вежбање не може многу да помогне, сметаат стручните лица.

Засега не е познато зошто седењето е поврзано со ослабнувањето на работата на срцето, па за тоа ќе бидат потребни дополнителни истражувања.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска