Долгото седење го зголемува ризикот од рак на дојка

Од:

Премногу долгото седење го зголемува ризикот од рак на дојка и еднометријален карцином, покажуваат резултати од новата шведска студија.

Истражувачите анализирале информации за повеќе од 29 илјади жени во Шведска на возраст меѓу 25 и 64 години, кои немале рак на почетокот од истражувањето. Нивната здравствена состојба била следена во текот на 25 години.

Испитаничките биле поделени во три групи: оние кои имале работа поврзана со седење а не учествувале во рекреациски спортови, оние кои имале работа со седење но се занимавале со физичка активност и оние кои имале физички активни работи но покрај тоа имале и редовна рекреација.

Жените кои не биле активни на работните места или во слободното време имале 2,4 пати поголеми шанси да добијат дијагноза на еднометријален карцином (рак на матката) и 2,4 пати поголеми шанси да заболат од рак на дојка пред менопауза во споредба со оние жени кои воделе активен живот.

Не постоела поврзаност меѓу недостаток на активности и зголемен ризик од рак на дојка по менопауза.

– Луѓето кои работат во канцеларија треба што повеќе да се движат во текот на работното време, а посебно во слободното време, изјави Ана Џонсон, една од авторите на студијата од Универзитетот Лунд во Шведска.

Претходни истражувања покажале и дека долгото седење го зголемува ризикот од рак на дебелото црево.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Путин најави вакцина против рак

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

Германска компанија претстави лек против рак: Туморот престанал да расте кај сите пациенти

Предраг Петровиќ

„Приказната продолжува“ за децата кои победиле канцер: Старото училиште во селото Кучково станува Регионален центар за рехабилитација

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски